Достапни линкови

Балканот и Движењето на неврзаните


Земјите членки и посматарачи на Движењето на неврзаните

Земјите членки и посматарачи на Движењето на неврзаните

Движењето на неврзаните, идната година ќе одбележи 50 години од формирањето. По тој повод ќе биде одржан состанок во Белград, каде што и беше формирано ова движење на земјите кои одбраа да не бидат дел од тогашната блоковска поделба на светот.

Деновиве Движењето на неврзаните реши да ја прифати иницијативата на Србија во 2011 година во Белград да се одбележи јубилејот на Движењето кое беше формирано токму во тогашниот главен град на поранешна Југославија.

Денес нема блоковска поделба на светот, ја нема ни државата која беше домаќин на првиот собир, а ниту пак нејзините налседнички се дел од неврзаните, туку кандидати за влез во ЕУ и НАТО.

Последниот министер за надворешни работи на СФРЈ Будимир Лончар смета дека неврзаните се тие кои своевремено го антиципираа постблоковскиот свет:

„Денес сите сме во сложен, меѓузависен свет. За сите има многу простор. Ете неколку големи неврзани земји се членки на Г 20 како Индонезија, Египет, Јужна Африка, Бразил, Аргентина.“

Лончар сега раководи со Советот за надворешни работи на хрватскиот
Глорификацијата на Движењето на неврзаните во 21 век кога сте во процес на кандидатура за членство во Европската унија е навистина нешто контрадикторно.
претседател Иво Јосиповиќ.

На слично мислење е и поранешниот претседател на тогашното колективно југословенско претседателство Раиф Диздаревиќ.

„Мислам дека во овие историски услови во кои доминира глобализацијата по правило полошо минуваат сиромашните земји кои некогаш беа во Движењето на неврзаните. Затоа треба заеднички да се ангажираат.“

Со поранешните политичари не се согласува Јелена Милиќ, директорка на Центарот за евроатлантски интеграции. Според неа, Движењето на неврзаните е реликт од минатото.

Раиф Диздаревиќ

„Глорификацијата на Движењето на неврзаните во 21 век кога сте во процес на кандидатура за членство во Европската унија е навистина нешто контрадикторно.“

За Милиќ е исто така контрадикторно и тоа што Белград во надворешната политика има четири столба кои на меѓународната сцена многу често се конфронтираат: Европската унија, Соединетите Држави, Кина и Русија.

Сепак, постојат мислења дека интегрирањето во Унија не е во спротивност со учеството во Движењето на неврзаните.

Диздаревиќ додава дека неговата улога беше токму поврзувањето на тие земји со тогашната Европска заедница.

Тој додава дека некои држави во регионот како Србија, Хрватска и Босна во Движењето имаат статус на посматрач. На ист став е и Лончар:

„Во регионот дојде до еволуција во меѓусебните односи на новите држави. Војните ги одалечуваа во прв план да го стават она што им е заедничко. Сега е поинаку. Сфаќаат дека имаат заедничка историја, а во неа секако е и неврзувањето.“

Но, за експертите, мотивот на Србија да биде домаќин на јубилејниот собир на неврзаните не е некоја стратегиска визија, туку обид за натамошно спречување на признавањето на Косово.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG