Достапни линкови

Ходорковски повторно прогласен за виновен


Судот во Москва денеска ги прогласи за виновни поранешниот шеф на компанијата за нафта Јукос, Михаил Ходорковски и неговиот бизнис партнер Платон Лебедев за кражба на 218 милиони тони нафта. Ходорковски и Лебедев веќе се во затвор од 2003-та за даночно затајување, а овој втор судски процес против нив предизвика меѓународен интерес, бидејки постои сомневање дека е исконструиран. Казната за второто судење сеуште не е изречена, но обвинителот побара затвор од уште 7 години.
XS
SM
MD
LG