Достапни линкови

logo-print

Нови тензии на Корејскиот Полуостров


Претседателот на Јужна Кореја Ли Миунг Бак рече дека неговата земја ќе возврати ако Северот повторно провоцира. Тој вели дека војската на Јужна Кореја „мора да одговори немилосрдно“ на сите напади од Северна Кореја и оти не се плаши од војна со комунистичкиот сосед.
Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако Северна Кореја минатиот месец бобардираше јужнокорејски остров при што загинаа четири луѓе. Двете земји меѓусебно се обвинуваат за провокации.
XS
SM
MD
LG