Достапни линкови

Повик за генерален штрајк во Брегот на Слоновата Коска


Претендентот за претседател на Брегот на Слоновата Коска Аласан Оатара повика на генерален штрајк што ќе ја парализира земјата се додека меѓународно изолираниот актуелен претседател Лорент Гбагбо не се повлече од функцијата. Двајцата кандидати прогласија победа на минатомесечните претседателски избори, кои требаше да бидат чекор кон заздравување на земјата од граѓанската војна во 2002 и 2003 година. Наместо тоа, изборите го потикнаа крвопролевањето меѓу двата политички табори.
XS
SM
MD
LG