Достапни линкови

Министерот за земјоделство Димовски се сретна со демонстрантите


Министерот за земјоделство Љупчо Димовски се сретна со тутунопроизводителите кои веќе неколку часа го блокираaт патниот правец Скопје –Битола.Тие бараат да се отворат пунктовите и цената да биде како ланската. Министерот Димовски по средбата со претставници на тутунопроизводителите изјави дека на утрешната средба со откупувачите ќе разговара за цената и како што вели нема да дозволи откупувачите да ја злоупотребат субвенцијата од државата и да ги калкулираат во откупната цена. Тутунопроизводителите најавија дека и утре ќе продолжат со протестите, додека не се постигне конечно решение за цената на откупот.
XS
SM
MD
LG