Достапни линкови

Рамковски нема да бара ослободување од притвор


Велија Рамковски

Велија Рамковски

Адвокатот на Велија Рамковски, Мирослав Вуиќ денеска изјави дека нема да поднесе жалба за одредената мерка притвор за Рамковски. Вуиќ за неколку медиуми изјавил дека не верува оти Судот ќе одлучува независно и слободно доколку поднесе жалба и дека не сака дополнително да ја пролонгира процедурата. Како што јавуваат македонските медиуми од 14 -те притворени за случувањата на „Перо Наков“ поднесени се жалби само за двајца од нив. Полицијата соопшти дека се уште трага по уште пет осомничени за случајот „Пајажина“.
XS
SM
MD
LG