Достапни линкови

Мајер: Не би се изненадил ако Португалија побара помош од еврозоната


Главниот економист во најголемата германска банка „Дојче Банк “ Томас Мајер изјави за германскиот весник „Сонтаг зајтунг“ дека очекува Португалија да побара помош од земјите членки на еврозоната, поради тоа што должничката криза се повеќе влијае врз пазарната доверба. Тој додаде дека не би бил изненаден доколку во блиска иднина земјата побара помош и им се приклучи на Ирска и Грција. Мајер смета дека на Шпанија, Италија и Белгија не им треба помош од надвор за рефинасирање на нивните дефицити бидејќи имаат добра основа, но ја посоветува Владата во Лисабон побрзо да застане под заштитата на Европскиот фонд од 750 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG