Достапни линкови

logo-print

Тутунарите протестираат


Неколку стотинa тутунари од пелагонискиот регион денеска го блокираа патниот правец Битола – Скопје на излезот од Прилеп. Тие бараат од Министерството за земјоделство да се отворат сите откупни пунктови во државата и просечната цена на тутунот да биде како лани. Организаторите на штрајкот соопштија дека се незадоволни од сегашната откупна цена на тутунот од 80 до 100 денари за килограм кога минатата година еден колограм им бил откупуван за двојно поголема цена односно за 192 денари.
XS
SM
MD
LG