Достапни линкови

Османи:Извештајот на Дик Марти е политички памфлет


Македонскиот министер за здравство Бујар Османи денеска го оцени како политички памфлет извештајот на известувачот Дик Марти за трговија со човечки органи на Косово.Тој додаде дека тоа е личен став и дека смета оти извештајот нема никаква веродостојност. Османи ги негираше наводите дека од Косово во Македонија биле донесени пациенти со трансплатиран бубрег во 1999 година објавени во српскиот весник „Политика“. Тој изјави дека нема докази ниту некаква евиденција дека се спроведувани активности поврзани со тие случувања.
XS
SM
MD
LG