Достапни линкови

Иран ќе ги ослободи цистерните со гориво за Авганистан


Авганистан, Кабул

Авганистан, Кабул

Авганистанскиот потпретседател Мохамед Фахим Ќасим денеска во Техеран изјави дека Иран ќе ја укине забраната за илјадници цистерни со гориво да ја преминат границата. Во последниве 3 недели Иран го стопираше транспортот на гориво во Авганистан со забраната за преминување на границата на 1 600 цистерни, затоа што горивото било за воените сили на САД и НАТО во борбата со Талибанците. Кабул тврди дека горивото е наменето за зголемената побарувачка на Авганистанците во зима.
XS
SM
MD
LG