Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на бегалци од Брегот на Слоновата Коска


Околу 14 илјади луѓе избегале од Брегот на Слоновата Коска во изминатиов месец по спорните претседателски избори по кои и двајцата кандидати се прогласија за претседатели. Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации сооошти дека Обединетите нации се подготвени да згрижат 30 илјади бегалци. Најголем дел од луѓето што ја напуштаат земјата се поддржувачи на опозицискиот кандидат за претседател Аласан Оутаба. Досегашниот претседател Лаурент Гбагбо се уште одбива да се повлече од функцијата.
XS
SM
MD
LG