Достапни линкови

Интервју - Никола Тодоров


Никола Тодоров
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:50 0:00

Министерот за образование Никола Тодоров

Точно е дека на некои од дисперзираните студии интересот е слаб, меѓутоа факт е дека бројот на запишани студенти на нив, од година во година расте.

Министре Тодоров, во медиумите се јавуваат забелешки дека за дисперзираните студии во одредени помали населени места речиси и да нема интрес. На што се должи слабиот интерес?

Точно е дека на некои од дисперзираните студии интересот е слаб, меѓутоа факт е дека бројот на запишани студенти на дисперзираните студии бројот од година во година расте, така и оваа година вкупниот број на запишани студенти во однос на претходната година е пораснат за дури 30 отсо. Меѓутоа може да забележите дека кај некои студиски програми нема ваков интрес, а тоа посебно е кај студиите од техничките науки и тоа е генерално тренд и феномен кој што владее и на постојните Универзитети во Македонија, а не само на дисперзираните студии, но исто така тоа е феномен и во Европа и во светот. Во таа насока ние се обидуваме да ги доближиме преку сите методи и мерки и овии студии поблиску до граѓаните и да овозможиме поголема вклученост на граѓаните во високообразованите установи за ваков тип на студии. За разлика од ова можете да видите дека сите места и на дисперзираните студии се пополнети.

Критичарите ги нарекуваат факултетите во помалите населени места ,,трафики за продажба на дипломи". Беше утвредено дека треба да се воведе построг механизам за надзор и контрола на овие институции. До каде се работите?

Потребни се построги критериуми и мерки за евалуирање на квалитетот на целото високо образование, а не само на дисперзираните студии и во тој правец и се движиме. Јас пред некое време најавив 15-тина мерки кои ќе бидат имплементрирани со измени на законот за високо образование. Овие мерки опфаќаат, се однесуваат на повеќе сегменти, како што се мерките за интернационализација на Универзитетите и воведување на одреден број студиски програми на додипломски и постдипломски студии да бидат полагани и изведувани целосно на англиски јазик, со овие измени го решаваме и непотизмот во високото образование што има и одреден импакт на квалитетот, со измените исто така го зголемуваме учеството на студентите во одлучувањето, но што е побитно за мене овозможуваме јавно објавување на извештаите од самоевалуацијата, односно оценувањето што студентите го вршат врз професорите и спојување на Одборот за акредитација и Агенцијата за евалуација за квалитетот на високото образование.

Кога сме веќе на темата, Светската банка забележа дека високото образование не продуцира доволно добри и квалитетни кадри кои можат да се вклопат во модерната економија. Како може да се реши сево ова?

Најголем дел од овие проблеми ние институционално или системски веќе ги пресретнавме и донесовме соодветна законска или подзаконска регулатива која што ги решава овие проблеми, нормално останува имплементацијата. Ја споменавте практичната настава во високото образование, таму донесени се правилниците и од оваа година истите почнуваат да се применуваат за задолжителна пракса, но и за клиничката настава. Во пракса ќе видиме како ќе заврши примената на овие две мерки на крајот на годината, затоа што нема да може да се запише следен семестар доколку не се исполнат овие услови за задолжителна пракса и клиничка настава, иако мислам дека ќе нема проблеми и дека тој дел ќе го решиме. Она што мене повеќе ме загрижуваше е фактот што имаме сериозно лоша ваква појава во средното образование и таму како некако да содаваме кадри кои што се здобиваат со застарени знаење. Констатиравме два крупни проблеми. Првиот проблем беше тоа што програмите за средното стручно образование каде што се стекнуваат овие вештини беа донесени во далечната 1989 година, тоа е едниот аспект, а вториот аспект е што скоро за ниту една од овие програми немаше обезбедено учебници. Распишавме конкурс за 536 учебници и донесовме концепција за три годишно, до двегодишно средно стручно и постсредно образование. Овие концепции до крајот на оваа учебна година веројатно за 50% од насоките ќе можеме да обезбедиме и наставни програми, а за останатото тоа ќе биде наредната година.

Меѓудругото главна тема во медиумите беа и учебниците. Се реагираше околу содржината, се забележеа некои проблеми, министерството реагираше, се најави ревизија... До каде се работите?

Па, ние направивме ревизија на сите учебници за основно образование, констатиравме различни типови на грешки, граматички грешки, терминолошки грешки, меѓутоа и системски грешки во учебниците. Тоа не натера да размислуваме малку повеќе системски и да се обидеме да најдеме некој начин да сите овие проблеми ги пресретнеме и да не се случуваат во иднина, заради тоа предложивме и закон за измена на законот за учебници за основно и средно образование кој што веќе е испратен во владина процедура. Законот опфаќа повеќе мерки, една од нив е поголеми надлежности на националната Агенција за учебници и обврска таа да расправа по секоја рецензија за секој од учебниците и воведување на еден нов институт, а тоа е член известител кој што ќе има обврска да реферира за секоја од рецензиите и за секој од учебниците и вториот аспект е одлуката за конечната употреба на учебникот да биде донесена од страна на националната Комисија за учебници која што по дефинција треба да се професионална институција составена од 21 член, сите професори во одредени научни области.

Навидувам најпромовирани инвестиции во изминативе неколку години беа компјутеризацијата на училиштата и изградбата на спортски објекти. Критичарите забележуваат дека компјутерите се внесуваат во дотраени објекти, а дека спортските сали се градат за ученици кои неможат да си купат ниту патики за физичка настава. Како одговарате на овие забелешки?

Прво имам една сериозна реакција. Не постои земја што станала богата, а потоа почнала да инвестира во образованието и во науката, процесот е секогаш обратен и тој процес по дефинција мора да биде обратен доколку сакаме да постигнеме повисоко ниво на развој. Така што ние мора да инвестираме во образованието веројатно пет-десет години, и со уште поголем интензитет и морам да напоменам дека во последните две години двојно е зголемен процентот од БДП што се одвојува за образование, за потоа да можеме да говориме за некакви промени на економски план во општеството кои што се детерминирани како резултат на образовната структура на населението. Така што, некои одат дури и со егзактни формули па дури и пресметуваат дека незнам еден процентен поен на подобрување на образовната структура или зголемувањето на високообразовниот кадар на среден рок носи еден процентен поен зголемување на економскиот раст.

Навистина имаше забелешки околу тоа дека Макеоднија ќе има премногу вискообразовни кадри. Што ќе прави Македонија со толку факултетски образовани луѓе?

Имаме ние многу време пред да почнеме да мислиме што со нив. Веројатно со оваа динамика треба да одиме во наредните 15-тина години можеби и повеќе за да можеме да почнеме да си го поставуваме ова прашање. Во овој момент стекнувањето со високо образование на граѓаните е еден од клучните предуслови за развој на Република Македонија. Има многу примери во светот, еве може да ја земете Јужна Кореја која пресметала дека е многу поевтино за неа да има високообразовани кадри кои се невработени, отколку да има условно кажано неквалификувани кадри кои што се невработени. Тука клуч е вработливоста, што е време кое се поминува како невработен или времето на чекање за вработување, а тоа кај оние кои што се со високообразование е многу пократко и потоа кога ќе се вработат многу е поголем нормално придонесот или платата која што ја остваруваат и придонесот што го прават во рамки на компаниите.

Во јавноста се крена прашина околу изучувањето на македонскиот јазик за припадниците на етничките заедници во основното образование. Каде ја гледате оправданоста на оваа иницијатива?

Мислам дека изучувањето на јазиците е еден благодет и нешто кон кое што ние сите треба да се стремиме. Дури и во ЕУ има се повеќе вакви студии и истражувања во правец на тоа колку е потребно да се изучуваат странските јазици и како тоа влијае на идниот развој на индивидуата. Значи секаде ова е позитивно оценето и мислам дека во тој правец треба да се одвиваат работите и во Макеоднија. Мислам дека ова прашање непотребно се исполитизира и се создаде една негативна перцепција кај некои граѓани во Македонија. Ние со оваа мерка немавме никому нешто со сила да наметнеме туку имавме само за цел да овозможиме една можност за граѓаните од сите етнички заедници во Република Македонија во процесот на формално образование да се стекнат и со знаење од македонскиот јазик.
XS
SM
MD
LG