Достапни линкови

logo-print

МВР трага по синот на Рамковски, Хеди?


Потпаролот на министерството за внатрешни работи Иво Котевски денеска изјави дека полицијата трага по петмина осомничени кои се во бегство од кои за двајца е веќе распишана интерна потерница. Станува збор за осомничени кои се поврзни со таканаречениот случај „Пајажина“ за фирмите на „Перо Наков“.
Македонските медиуми јавуваат дека еден од осомничените за кои е распишана потерница е синот на Велија Рамковски, Хеди Рамковски.
Истражниот суд синоќа им изрече 30 дневенен притвор на 14 лица управители на фирмите на „Перо Наков“. Меѓу нив се Велија Рамковски, неговиот брат и постарата ќерка, директорката на А1 телевизија Анета Кочишки, како и нејзиниот претходник Дарко Петрушевски.
XS
SM
MD
LG