Достапни линкови

logo-print

Повлечено е предупредувањето за цунами


Властите на островот Ваниату го повлекоа предупредувањето за цунами поради ниското ниво на бранови кои се создадоа по земјотресот со јачина од 7,6 степени по Рихтеровата скала чии епицентар беше на 240 километри јужно од островот. Предупредувањето се однесуваше за островите Нова Каледонија, Фиџи и Вануату. Претходно американскиот пацифистички центар за предупредување за цунами потврди дека земјотресот создал цунами бранови во Тихиот Океан. Властите во Вануату соопштија дека нивото на водата е подигнато за само 15 сантиметри.
XS
SM
MD
LG