Достапни линкови

Секој втор средношколец во Македонија размислува по една деценија да си замине од земјата, покажуваат резултатите од анкетата на Барометар.

Секој втор средношколец отсега размислува, по една деценија да си замине од Македонија. Резултатите од анкетата се Барометар на моменталната криза, но и одсуството на јасна економска персепектива, на сиромашен пазар со понуди за вработување на креативни кадри. Само 15 насто од тестираните средношколци не сакаат да ја напуштат државата, вели Сандра Анастасовска од младинскиот образовен форум.
Тоа покажува дека младите кои што се образовани си бараат ,,чаре" надвор. Не е само бесперспективноста причина, туку знаете дека единствен критериум е партиската
книшка.


„Моментално не ги знаеме желбите, зошто младите се гледаат надвор од Македонија, но сметаме дека тоа е производ на многу фактори, односно и од социјалната

невклученост на младите.“

Дали на Македонија и престои нов бран на емигрирање, во услови на либерален визен режим, на отвореност на пазарот на работна сила во ЕУ за квалитетни и обучени дипломоци, особено во областа на ИТ индустријата, технологијата, машинството, медицината и електрониката?

„Тоа покажува дека младите кои што се образовани си бараат ’чаре‘ надвор. Не е само бесперспективноста причина, туку знаете дека единствен критериум е партиската книшка“, изјави, Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.

Никој нема точна статистика колку стручњаци емигрирале или се преземени од странски компании, но на таканаречениот брејн-дрејн, односно одлив на мозоци кон запад, не им оддолеаја неколку илјади млади и високообразовани кадри во последнава декада.

„Не станува збор секогаш за безперспективност, станува збор понекогаш за потрага по подобра индивидуална иднинина или за нешто што можеби некогаш се нарекува
Не станува збор секогаш за безперспективност, станува збор понекогаш за потрага по подобра индивидуална иднинина или за нешто што можеби некогаш се нарекува авантуризам
авантуризам“, објаснува Никола Тодров, министер за образование.

Подвижноста на работната сила во развиените земји е главна карактеристика во побарувањето на квалитетни и дефицитарни стручњаци. Без нив нема развој и на домашната економија, особено на динамичната ИТ индустрија. Таа и во услови на економска криза бележи континуиран пораст, годинава околу 8-10 насто, што е меѓу највисоките во државата.

Фирмите од информатичката индустрија, која се повеќе развива и свои креативни апликации, стануваат свесни за профилите што им се потребни и затоа бараат од факултетите специфични наставни дисциплини и профили на идни дипломци.

„Во постојан контакт сме со постоечките универзитети и факултети, така што веќе остваривме една врска која почнува да станува двонасочна, значи ние кажуваме што ни треба, согласно тоа тие ги образуваат своите кадри кои подоцна ние ги земаме во индустријата“, вели Горан Митрески од компанијата Кејбл и претседател на Масив Комора на фирмите кои продаваат ум, софтверски програми и апликации за врвни свестки компании.

„Компаниите треба да бидат загрижени да не ги губат своите добри работници од една страна, а така и универзитетите треба да бидат загрижени и да се обидат да ги чуваат сите оние кои можат да направат повеќе“, порачува, министерот за образование Никола Тодоров.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG