Достапни линкови

Неделен печат


Весници, магазини, неделници, печат

Весници, магазини, неделници, печат

Дали Груевски може да заврши како Санадер, изјавата на Заев во Валандово, „тажната“ политичка сцена и дијалог - дел од темите во неделните изданија.

По апсењето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер и почнувањето истрага за неговите корупциски зделки додека бил на власт, и кај нас мошне актуелно стана прашањето дали и Македонија ќе има свој Санадер. Во ликот, се разбира, на премиерот Груевски.

Токму прашањето дали Груевски може да заврши како Санадер, го поставува Глобус, на насловната и во својата главна тема. Неделникот забележува дека зад владеењето на Санадер во Хрватска останале крупни инфраструктурни и други инвестиции, хрватското зачленување во НАТО и клучниот период на активности за зачленување на Хрватска во ЕУ. Нам по Груевски ќе ни останат само долговите и спомениците, заклучува неделникот.
Како што Минхен и Виена се до гуша вмешани во аферата ,,Санадер,, така и Софија и Белград ќе имаат многу за објаснување околу Груевски.
Глобус изнесува уште една интересна теза, дека како што Минхен и Виена се до гуша вмешани во аферата „Санадер“ така и Софија и Белград ќе имаат многу за објаснување околу Груевски.

Сите „јадат“ живи луѓе?

Уште една „дешавка“ го преокупира вниманието на јавноста и на медиумите неделата што измина: несмасната изјава на Заев во Валандово. Фокус, на насловната пишува дека Заев го кажал она што гладниот народ се' повеќе сака да го слуша, но смета дека објавувањето на, во наводници, ексклузивните снимки од Валандово содржи барем три индикативни елементи, кои во целата фрка и паника останале споредни и нечепнати. Прво, како и зошто дрдорењето на Заев од 3 ноември се обнароди дури после 40 дена? Второ, зошто јавноста се возбуди од зборовите на Заев, кога две децении партиите што се менуваат на власт јадат живи луѓе, оние, кои не се од нивната партија? И трето, начинот на кој се вади „канибалот“, но и
Целата политичка дебата во последно време наликува на некаква шега, или на гротескен скеч во стилот на Монти Пајтон. А ситуацијата во државава е сериозна.
неговата партија СДСМ делува дури и смешно. Иако, рака на срце, и немаат широк простор за одбрана, оти фатени се, што би се рекло, со смкнати гаќи! Од друга страна, колку и да звучи контардикторно, зборовите на Заев за многумина беа и мелем за ушите - толку му збоктиса на народот од нааканоста на преродбениците, што дури со нетрпение го чека Судниот ден, констатира Фокус.

Тажна политичка сцена


Форум, на насловната, со едно тажно кловновско лице, дава одлична симболика за насловот: „Политичка сцена“ - всушност, поентата на својот едиторијал. Македонската, и онака карикатурална политичка сцена, се' повеќе се претвора во тривијално и тажно милје каде што ниту една идеја, став, дебата, па ако сакате и обвинување, не се сметаат за сериозно, а јавноста кон сето тоа гледа со огромна доза на сомнеж, па дури и потсмев, пишува Форум.
Целата политичка дебата во последно време наликува на некаква шега, или на гротескен скеч во стилот на Монти Пајтон. А ситуацијата во државава е сериозна, вели Форум, и го изнесува впечатокот дека македонските политички елити функционираат според старата српска поговорка - „Удри бригу на весеље“.
Е, па Нова година доаѓа, да се провеселиме, извикува иронично авторот на едиторијалот на Форум.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG