Достапни линкови

logo-print

Општините без надлежност над касарните


Општина Битола сеуште нема надлежност врз касарната

Општина Битола сеуште нема надлежност врз касарната

И покрај помпезните најави дека државата им ги врати касарните на општините, тие се уште немаат надлежност ниту над објектите, ниту над земјиштето

Битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека објектите од страта битолска касарна ги продава и отуѓува Министерството за одбрана, а земјиштето Министерството за транспорт и врски.
Tие прво треба да се огласат и доколку на огласувањето тие не се продадат, постои законска можност по барање на општината тие да се префрлат на општина Битола. Владата на Република може да носе одлуки за префрлување на објектите само за националните установи, а не за локалните

,,Читавме, гледавме. слушавме дека ете сега касарните ги добија општините. Сакам најодговорно да кажам дека од касарните досега општините добија само обврска да изработат детални урбанистички планови и ништо друго. Што
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески
се однесува до општина Битола не постои законска можност со одлука на Влада да се добијат објекти. Тие прво треба да се огласат и доколку на огласувањето тие не се продадат, постои законска можност по барање на општината тие да се префрлат на општина Битола. Владата на Република може да носе одлуки за префрлување на објектите само за националните установи, а не за локалните."

вели Талески.
Од Министерството за одбрана велат дека никогаш не ветиле оти на општините ќе им ги предадат комплетно целите касарни, туку дека објектите ќе бидат ставени во интерес на локалниот економски развој. Досега во рацете на општината предале и објект со зафатнина од 5000 квадратни метри. Министерот за одбрана Зоран Коњановски објаснува

„Согласно законската процедура овој имот каде што корисничко право имаме ние како Министерство за одбрана, а е имот на државата. Пред отуѓување мораат прво да се понудат на јавен тендер, постапка која ја направи министерството. Во овој момент во касарната во Битола се продаваат шест објекти. Сите заинтересирани лица можат да учествуваат на јавното наддавање што ќе се одржи во Министерството за одбрана. Утврдена е почетна цена која ја утврди Комисијата при општина Битола надлежна за утврдување цени на објекти."

Што се однесува на градежното земјиште и него ќе го продава Министерството за транспорт и врски. Изграденото градежно земјиште ќе има фиксна цена над 8000 денари за квадратен метар, а за неизграденото ќе има лицитација.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG