Достапни линкови

logo-print

Операција "Пајажина", - кривични пријави против 23 лица


Министерството за внатрешни работи во координација со Управата за јавни приходи и Управата за спречување перење пари поднесе кривична пријава против 23 физички лица од кои 18 се македонски, еден e турски државјанин, a четворица се од Косово, кои фигурираат како сопственици, управители и вработени во повеќе фирми со седиште на ул. „Перо Наков“, како и против 10 правни субјекти.
Како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски, тие се осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „даночно затајување“, „перење пари“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оштетување или повластување на доверители“, „повреда на правата од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „спречување на докажување“ во периодот од 2006 до 2010 година. Ова се, напомена Котевски, резултатите од операцијата „Пајажина“ што се водела во изминатите триесетина денови.
УЈП спроведе даночни контроли на 12 правни лица. Врз основа на извршениот увид, како што соопшти директорот на Управата Горан Трајковски, констатирани се 1,74 милијарди денари или 17,48 милиони евра нелегален приход.
- Доколку овие приходи биле во редовен правен промет подлежат на ДДВ во износ од 175,6 милиони денари или 2,8 милиони евра, рече Трајковски.
XS
SM
MD
LG