Достапни линкови

logo-print

Косово со нарушен кредибилитет


Тим Џуда

Тим Џуда

Со обвинувањата за вмешаноста на косовскиот премиер Хашим Тачи во организиран криминал и во трговија со органи ќе биде многу тешко Косово да се етаблира како кредибилна земја на патот кон Европскта унија. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го оценува угледниот британски публицист Тим Џуда.

Наведувајќи дека во истрагата на ЕУЛЕКС не биле пронајдени податоци кои зборуваат во прилог на обвинувањата против Хашим Тачи за трговија со човечки органи британскиот публицист Тим Џуда потсетува дека ЕУЛЕКС го повика известувачот на Советот на Европа Дик Марти, кој го подготви извештајот, да поднесе нови докази, доколку ги има.

„Мислам дека извештајот му зададе остар удар на кредибилитетот на Хашим Тачи, но и на Косово и тоа во моментот кога се бори да добие признавање во светот.“

Според него, станува збор за дигнитет, бидејќи, како што вели, сега ќе биде многу тешко Косово да се етаблира како држава со доверба.

Што се однесува до тоа на кој начин конкретно Тачи ќе биде дискредитиран Тим Џуда во разговорот со новинарката на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ вели:
Да, сметам дека ова навистина ќе фрли сенка врз тие разговори. Пред оваа афера во Приштина се резонираше нешто во смисла: ако попуштиме пред барањата на Брисел кој ќе ги води разговорите и прифатиме компромис ќе добиеме визна либерализација. Но, сега не е
така.


„Мислам дека организирањето на неговите средби и разговори со странски државници ќе биде многу отежнато. Во сите тие разговори врз Тачи ќе се надвива огромна темна сенка. Секако секој е невин додека не се докаже дека е виновен, но во оваа ситуација мислам дека странците ќе избегнуваат да бидат гледани со Тачи, ако во тоа не бидат принудени.“

Тим Џуда додава дека ваквата ситуација ја става во сложена ситуација и позицијата на Приштина во претстојниот српско албански дијалог.

За разлика од претходно сега Приштина не може да смета на некоја награда доколку прифати некој компромис со Србија.

„Да, сметам дека ова навистина ќе фрли сенка врз тие разговори. Пред оваа афера во Приштина се резонираше нешто во смисла: ако попуштиме пред барањата на Брисел кој ќе ги води разговорите и прифатиме компромис ќе добиеме визна либерализација. Но, сега не е така.“

Тим Џуда, во врска со однесувањето на официјален Белград по обвинувањата против косовското раководство и претстојните разговори вели:

„Ми изгледа дека господин Борис Тадиќ точно знае што работи. Изјавата дека е подготвен да разговара со Тачи упатува на многу рационална и мудра политика. Впрочем Србија сега е во позиција од каде што не треба многу да се напрега“, заклучува во интервјуто за Радио Слободна Европа британскиот публицист Тим Џуда.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG