Достапни линкови

Телефонски разговор Обама - Медведев за СТАРТ


Рускиот претседател Дмитриј Медведев имал телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама во врска со ратификацијата на новиот дговор СТАРТ. Според Белата Куќа, со овој договор ќе бидат продлабочени односите меѓу двете земји. Медведев изрази надеж дека и рускиот парламент ќе го ратификува СТАРТ. Руските законодавци се очекува денеска да ја започнат дебатата за ратификацијата на СТАРТ, но соопштија дека ќе им треба време за анализа на условите што ги постави американскиот Сенат пред да го ратификува.
XS
SM
MD
LG