Достапни линкови

Турскиот министер за одбрана Ѓонул во официјална посета на Македонија


Денеска и утре во официјална посета на Република Македонија ќе престојува делегација од Министерството за Национална одбрана на Република Турција, предводена од министерот Веџди Ѓонул. Тој денеска треба да се сретне со неговиот македонски колега, Зоран Коњановски. Предвидено е двајцата министри да потпишат договор за воена финансиска соработка. За време на престојот министерот Ѓонул ќе го посети Техничкиот ремонтен центар каде ќе се одржи церемонија на свечено примопредавање на донација од Република Турција за потребите на АРМ, во вредност од околу 253.000 американски долари.
XS
SM
MD
LG