Достапни линкови

Уапсен Велија Рамковски


Сопственикот на А1 Велија Рамковски

Сопственикот на А1 Велија Рамковски

Нешто пред 23 часот во Скопје е уапсен сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски.

Вечерва пред 23 часот е уапсен сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски. Според А1, околу 20–тина припадници на МВР го уапсиле Рамковски во просториите на телевизијата. Неговиот сват Фијат Цановски кој бил со Рамковски за време на апсењето изјави дека Рамковски околу 20 часот добил информација дека ќе биде уапсен следниот ден и сакал да и се обрати на власта во вестите на А1 во 23 часот.
Заклучно со денеска се регистрирани 16 милиони евра нелегални приходи во систем на 11 правни лица во период 2005 до 2010 година, за кои сметаме дека е направено даночно затајување, три милиони евра за ДДВ и еден милион евра непријавен данок на добивка, вкупно 253 милиони денари


Покрај Рамковски, уапсени се уште девет лица, управители во фирмите регистрирани на улица Перо Наков б.б, а се трага по уште 15 лица, рече портпаролот на МВР Иво Котевски во гостувањето на вториот дневник на ,,Сител" заедно со директорот на УЈП Горан Трајковски.


Приведените се сомничат за перење пари, затајување данок, злостроничко здружување и противправно стекнување имот.

Како што се информира, меѓу уапсените е и директорката на А1 ТВ Анета Кочишки.

Според првиот човек на УЈП во изминатите 30 дена, по контролата на Перо Наков б.б. на 25 ноември е констатирана финансиска измама:

,,Заклучно со денеска се регистрирани 16 милиони евра нелегални приходи во систем на 11 правни лица во период 2005 до 2010 година, за кои сметаме дека е направено даночно затајување, три милиони евра за ДДВ и еден милион евра непријавен данок на добивка, вкупно 253 милиони денари.”

изјави Трајковски, додавајќи дека се регистрирани и случаи на перење на пари по пат на оштетување и овластување на доверители со доведување на фирми во инсолвентност за да не се плати долгот.
Процедурата до сега е крајно извитоперена. Кривичните пријави се објавуваат прво преку една телевизија, а ние како адвокати преку медиумите дознаваме за тоа. Искажани се исклучително тешки квалификации и затоа ме чуди процедурата со која ова е истакнато.

Портпаролот на МВР Иво Котевски рече дека сопственикот на Велија Рамковски е уапсен во движење.

,,Не се работи за притисок на медиум, туку за класичен случај на откривање организиран криминал. Рамковски ќе биде задржан 24 часа според законот и ќе биде изведен пред истражен судија.”

рече Котевски. Според него, кривичната пријава за случајот до сега е на стотина страници.

Адвокатот на Велија Рамковски Мирослав Вујиќ потврди дека сопственикот на А1 Рамковски е во полициската станица во Автокоманда:

,,Процедурата до сега е крајно извитоперена. Кривичните пријави се објавуваат прво преку една телевизија, а ние како адвокати преку медиумите дознаваме за тоа. Искажани се исклучително тешки квалификации и затоа ме чуди процедурата со која ова е истакнато.”

На 25 ноември УЈП со силно полициско присуство изврши контрола на неколку компании регистрирани на улица Перо Наков б.б., на истата адреса на којашто се наоѓа и А1 Телевизија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG