Достапни линкови

logo-print

Претставувањето на новите амбасадори на Македонија повторно го отвора прашањето – кои се критериумите за добивање на амбасадорската функција?

Македонската дипломатија е падната на ниски гранки и неможе да се извади од калта. А испразнетите амбасадорски места се пополнуваат, со партизирани кадри, дипломати без ден дипломатско искуство, анонимуси, сомнителни луѓе, се разбира чест на исклучоците, има и

,,Идни приоритети за што Амбасадорот Горан Тасковски на Република Македонија во Република Турција ќе се залага и во кој правец ќе се движи...
дипломати со повеќегодишно искуство, велат дел од челновите на Собраниската комисијата за надворешна политика, пред која два дена се произнесуваат платформите за дипломатските активности на неколку новоименувани амбасадори. Членовите од опозицијата целата работа ја нарекоа реално шоу. Новименуваниот амбасадор на Македонија во Турција, Горан Тасковски за себе зборуваше во трето лице.

,,Идни приоритети за што Амбасадорот Горан Тасковски на Република Македонија во Република Турција ќе се залага и во кој правец ќе се движи кога ќе ја преземе функцијата во Анкара во Република Македонија. Значи, пред се, не само за Горан Тасковски Амбасадорот, туку за сите амбасадори, е афирмирање на Република Македонија, промоција на можностите, културата, богатствата, промоција на световниот дух, вистината и вечноста на Македонија."
Три пати сте кандидат за претседател на општинската организација на ВМРО ДПМНЕ во Битола и три пати не ве бираат. И што е сега утешната награда? Затоа што не сте станале претседател на партиската организација во Битола сте Амбасадор на Македонија во Турција? Тоа е компензацијата?

На неговото преставување остро регираа пратениците од опозицијата

,,Ги видовте нашите реакции. Се пипавме самите, се штипевме, да видиме дали ова е лош сон или реалност. Не доведувате нас во исклучително непријатна позиција. Ние црвенееме повеќе од вас, не изеде туѓиот срам."

вели пратеникот Владо Бучковски.

Неговиот колега Игор Ивановски праша зошто ВМРО ДПМНЕ избрала ваков кадар за амабасадор.

,,Три пати сте кандидат за претседател на општинската организација на ВМРО ДПМНЕ во Битола и три пати не ве бираат. И што е сега утешната награда? Затоа што не сте станале претседател на партиската организација во Битола сте Амбасадор на Македонија во Турција? Тоа е компензацијата?"

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ пак не сакаше да суди за амбасадорите пред време:

,,Сметам дека најдобриот начин за демат е да работат, сметам дека секогаш со работа се демантираат и најголемите скептици кои се појавуваат."
Сметам дека најдобриот начин за демат е да работат, сметам дека секогаш со работа се демантираат и најголемите скептици кои се појавуваат

За разлика од Тасковски кој нема дипломатско искуство, во Софија амабасадор ќе биде Благој Ханџиски, кој долго време беше амбасадор во Атина. Членовите на комисијата немаа многу забелешки за неговото излагање, но Ивановски се запраша зошто ВМРО ДМПНЕ го испраќа Ханџиски во Бугарија.

,,Мислам, а во добар дел и знам и убеден сум дека токму амбасадорот Ханџиски во добар дел придонесе за профиирање и спроведување на оваа изолационистичка политика на Груевски внатре и надвор од државата."

На што амбасадорот одговори.

,,Амбасадорував во Грција под тројца претседатели. Работев под четири претседатели во Собранието, под четири премиера. Работев под двајца министри за надворешни работи."

Опозицијата и дел од експеритете имаа забелешки за тоа какви се луѓе ја преставуваат земјата во странство и велат дека ако не се сменат работите наскоро од лошиот избор на амабасадорите ќе изгуби најмногу Македонија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG