Достапни линкови

logo-print

НБРМ: Во 2011 година поволни услови за монетарната политика


Народната банка на Република Македонија за наредната година очекува да се задржат поволните услови за водење на монетарната политика, согласно очекувањата за повторно поволна надворешна позиција и контролирана инфлација. Гувернерот на НБРМ Петар Гошев денеска изјави дека следната година очекува забрзување на економскиот раст кој треба да биде околу три проценти.Тој додаде дека ризиците се присутни, но тие редовно ќе се следат и на нив навремено ќе се реагира.Гошев истакна дека основно за монетарната политика во 2011 годинасе надворешната позиција и девизните резерви, кои наредната година се очекува да се зголемат за 180 милиони евра. На крајот на оваа година тие изнесуваат 1.690 милиони евра.
XS
SM
MD
LG