Достапни линкови

Бугарија ќе ги повлече амбасадорите кои соработувале со службата за безбедност


Бугарската Влада денеска донесе одллука да ги повлече амбасадорите кои биле соработници на поранешната Државна служба за безбедност .Владата побара од претседателот Георги Прванов да потпише поедеинечни укази за нивно враќање во државата.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Владата предложила амбасадорите и конзулите по враќањето во државата да останат да работат во Министерството за надворешни работи до пензионирање.
Бугарската Комисија за лустрација утврди дека со поранешните служби соработувале 192 актуелни дипломати.
XS
SM
MD
LG