Достапни линкови

logo-print

САД и ЕУ бара ослободување за приведените во Белорусија


Еден од приведените во Белорусија по неделните протести

Еден од приведените во Белорусија по неделните протести

САД и ЕУ соопштија дека ќе ги преоценат нивните односите со Белорусија, откако полицијата во Минск уапси над 600 луѓе на опозициските протести по претседателските избори. Во заедничкото соопштение на американскиот државен секретар Хилари Клинтон и еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон ја повикуваат Белорусија да ги ослободи уапсените.
Белоруските власти соопштија дека ќе ги задржат во притвор петмината претседателски кандидати поради сомнение дека ги организирале неделните протести. Покрај нив во притвор ќе бидат задржани и 14 опозициски активисти и ќе се соочат со можни обвиненија за оргазнизирање масовни немири. Казната за тоа кривично дело е 15 години затвор.
XS
SM
MD
LG