Достапни линкови

Две експлозии во амбасади во Рим


Италијанското министерво за надворешни работи соопшти дека експлодирала бомба во Шведската амбасада во Рим при што е ранет еден вработен во амбасадата кој го отворил пакетот со експлозив. Во текот на денот експлодира и втора бомба во Чилеанската амбасада во Рим каде што исто така е повреден еден од вработените. Се уште никој не преземал одговорност за инцидентите . Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини ги осуди нападите.
XS
SM
MD
LG