Достапни линкови

Докторите на норма?


Според здравствените работници, пред да почне да „дели“ плати според ефикасноста, Министерството за здравство прво мора прецизно да ги дефинира критериумите.

Недостатоците во методологијата во пресметката на плати беа главните парашања кои претставниците на синдикатот им ги поставија на претставници на Министерството за здравство на последниот состанок. Измените за пресметување на платите на вработените во јавното здравство што го предлага Министерството за здравство во наредните денови ќе бидат разлгледувани заедно со раководството на Синдикатот на Клинички. Како што изјави
Прво да не се намалат платите и второ да се види како некој би бил наградуван или санкциониран. Како што е сега моделот, тоа не е докрај дефинирано.
д-р Дејан Ставриќ, Министерството треба да ги дефинира критериумите во областите во кое ќе има зголемување или намалување оценувајќи дека има недоречености што оставаат простор за манипулации:

„Прво да не се намалат платите и второ да се види како некој би бил наградуван или санкциониран. Како што е сега моделот, тоа не е докрај дефинирано. Во оној дел на пример ако некој биде проценуван, од кого ќе биде проценуван? Од својот раководител, директор, шеф итн или од одредена Комисија, назначена?“

Според идејата на министерството од сегашните 100 проценти на лекарите треба да им биде загарантирана плата во висина од 70 проценти, а за останатите 30 ќе мора да докажат дека ја исполнуваат нормата односно треба да добиваат плата во зависност од бројот на направени интервенции и прегледи. Синдикатот оценува дека и тука има недоречености:
Ако некој хирург е задолжен со пет операции неделно да речеме, а притоа нема инструменти за да изврши ниту една, ќе излезе дека не ја извршил својата должност, што не е точно бидејќи не ја извршил затоа што немал
услови.


„Ако некој хирург е задолжен со пет операции неделно да речеме, а притоа нема инструменти за да изврши ниту една, или нема услови во смисла на операциони микроскопи, било кој дел и во хируршката и во дијагностичката дејност, ќе излезе дека не ја извршил својата должност, што не е точно бидејќи не ја извршил затоа што немал услови. Така што тука не е дефинирано, чија е одговорноста. Во таков случај, одговорноста е на институцијата.“

Министерството оценува дека на овој начин лекарите ќе бидат стимулирани да работат повеќе. Најмногу забелешки докторите имаат околу тоа дека тие 70 отсто треба да бидата сегашните 100 посто, а не да се намалуваат платите:

„Проблемот беше во тоа тие 70 отсто да бидат како сегашните 100 посто, па екстра од тоа да се наградува, а не фактички да се намалуваат платите. Тука е главниот проблем меѓу Синдикатот и Министерството. Има доктори што повеќе или помалку работат. Под ова плата, тоа е нон сенс“, изјави д-р Кирил Лозанче.

Професори и доценти во просек земаат плата од 40 до 45 илјади односно околу 800 евра, а во земјите од регионот околу илјада евра. Министерството изразило подготвеност да најдат решение за сите отворени прашања на Синдикатот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG