Достапни линкови

Давутоглу се сретна со Салехи


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу се сретнал синоќа со неговиот ирански колега Али Акбар Салехи пред почетокот на регионалниот економски Самит во Истамбул. Давутоглу изјави дека на средбата разговарале за новата рунда преговори за нуклеарната програма на Техерн што е закажана за наредниот месец во Истамбул.Тој додаде дека Турција се обидува да ја намали тензичната атмосфера околу иранската нуклеарна програма. Ирански претставници оддржаа разговори пред неколку недели во Женева со претставници на САД, Кина, Русија, Франција, Британија, Германија и ЕУ.
XS
SM
MD
LG