Достапни линкови

logo-print

Уапсени речиси 100 припадници на „Франкфуртската мафија“


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска изјави дека македонската, австриската и германската полиција привеле речиси 100 луѓе поврзани со „Франкфуртската Мафија“ која се занимавала со трговија на дрога. Јанкуловска вели дека станува збор за уапсени македонски државјани кои организирале меѓународен канал за кримчарење на хероин во Австрија и Германија. Таа додаде дека организираната група регрутирала луѓе на кои им обезбедувала патни трошоци,сметување и храна и одреден процент од продажбата на хероин. Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски изјави дека криминалната група била одлично организиран и водела прецизно книговотство за трошоците и профитот на продажбата од хероинот кој го набавувале во Бугарија и Холандија и дирекно го транспортирале во Австрија и Германија.
XS
SM
MD
LG