Достапни линкови

Околу 30 проценти од младите во Македонија сонуваат да работат во јавна администрација. Платите биле редовни и не се работело прекувремено.

Триесет проценти од младата популација во земјата е невработена, а 28 насто од нив сонуваат да работат во јавна администрација. Овие се најновите резултати од истражувањето за актуелните трендови кај младите, до кои дошла коалицијата на младински организации „СЕГА“. Ваквата состојба според извршниот директор на коалицијата, Зоран Илиоски се должи на нивната неподготвеност да се соочат со пазарот на трудот.
Jавната администрација за нив преставува особено место каде што од нив не се бараат некои посебни знаења, квалификации, каде што многу стабилно можат да чекаат да добијат плата на први, а не се бара голем учинок во
работата.


„Jавната администрација за нив преставува особено место каде што од нив не се бараат некои посебни знаења, квалификации, каде што многу стабилно можат да чекаат да добијат плата на први, а не се бара голем учинок во работата.“

И младите кои ние ги прашавме не кријат дека повеќе сакаат да работат во државната администрација, во која, како што велат, потешко се доаѓа до работно место. Без врски, велат дел од анкетираните, нема работа.

„Јавна администрација, секако.“

„Ограничено е работното време, платите се редовни, пријавени...“

„Тешко е да се вработиш во државна фирма, во приватна е полесно. Се знае, можеш да фатиш врски и тоа е.“

Според граѓаните, работата во приватниот сектор била потешка и исцрпувачка. Се работело многу работни часа, најчесто под притисок и без сигурност за редовни примања.
Ограничено е работното време, платите се редовни, пријавени.

„Експлоатацијата е макслимална кај приватните фирми.“

„Повеќе работа има, нема само осум часа работно време, туку се работи и надвор од тоа и под притисок.“

Според аналитичарите, ваквиот тренд кај младите се должи на недоволно развиениот приватен сектор. Меѓудругото, причината за оваа појава, се и конзервативните ставови на Македонците, вели Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики.


„Во Македонија и постарите се доста конзервативни, односно веруваат во моќта на државата, да ги регулира односите, но во исто време да обезбеди и вработување и економска сигурност, а не толку доверба во самиот приватен сектор.“

Јавните вработувања се најчесто воочливи во јавноста, тие се објавуваат во печатот , истите се предмет на конкуренција и јавна дебата. Токму затоа, Ристевска сугерира дека приватниот сектор треба да биде потранспарентен, за да се насочи интересот на младите кон него.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG