Достапни линкови

logo-print

Бугарија до март ќе ги исполни барањата на Шенген зоната


Германскиот Канцелар Ангела Меркел и бугарскиот премиер Бојко Борисов

Германскиот Канцелар Ангела Меркел и бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Софија до март ќе ги исполни сите барања за влез во Шенген зоната.
Тој го оцени како оправдано барањето на министрите за внатрешни работи на Франција и Германија од Европската комисија да побара од Бугарија поефикасно да се справи со корупцијата и организираниот криминал доколку сака да влезе во Шенген зоната.
Министрите за внатрешни работи на Германија и Франција испратија барање до ЕК да го забави процесот за пристап на Романија и Бугарија во шенгенскиот простор поради повеќе забелешки поврзани со судскиот систем и недоволната борба со корупцијата и организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG