Достапни линкови

Светот го поздрави ратификувањето на новиот СТАРТ во Сенатот


Русија, НАТО, Обединетите нации и Јапонија го поздравија гласањето во Сенатот со кое САД го ратификуваа договорот познат како нов СТАРТ, за намалување на стратегиското вооружување со Русија. Тринаесет сенатори од редовите на реубликанците гласаа заедно со 56 демократи и двајца независни сенатори за новиот договор кој во април го потпишаа претседателите на САД и Русија Барак Обама и Дмитри Медведев. Договорот кој треба да го ратификува и Русија предвидува максимум од 1550 боеви глави за секоја земја, односно намалување од 30 проценти на нуклеарниот арсенал во однос на состојбата од 2002- та година.
XS
SM
MD
LG