Достапни линкови

Во Црна Гора консултации за мандатар


Филип Вујановиќ

Филип Вујановиќ

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ ќе почне консултации со претседателите на парламентарните партии за мандатар за состав на нова влада. Консулатциите прво ќе бидат остварени со политичките партии кои ги претставуваат Албанците, Босанците и Хрватите во таа земја. Новата влада на Црна Гора, како што е најавено, треба да биде избрана пред Нова година. Според оценките на владејачката коалиција, со оставката на премиерот Мило Ѓукановиќ сеуште не паднала и владата, бидејќи во парламентот сеуште не е изгласана одлука за недоверба.
XS
SM
MD
LG