Достапни линкови

Самит на земјите од централна Азија во Истанбул


Аки Акбар Салехи

Аки Акбар Салехи

Во Истанбул денеска ќе се одржи средба на лидерите на државите од земјите од организацијата за економска соработка во централна Азија. Во регионалната организација членуваат Авганистан, Азербејџан, Иран, Казахстан, Киргистан, Пакистан, Таџикистан, Турција, Туркменистан и Узбекистан. Турција од Иран го презема претседателството на Советот на министри - раководниот орган на организацијата. Иран на средбата е претставен од новоназначениот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи. На неа ќе бидат разгледани важни теми, поврзани со регионалната соработка и глобалната економија. Пред средбата Турција порача дека практикува многунасочна и активна надворешна политика, која има за цел изградба на атмосфера на безбедност, стабилност и просперитет во регионот.
XS
SM
MD
LG