Достапни линкови

Авганистан: во самоубиствен напад убиен полицаец


Авганистанската полиција соопшти дека во самоубиствен бомбашки напад врз полициски контролен пункт во северниот дел на земјата загинал најмалку еден полицаец, а петмина други биле ранети. Нападот се случил изутрината во провинцијата Кундуз кога бомбашот самоубиец бил запрен од полицијата пред пунктот. Инцидентот се случува по оној на 19-ти декември за кој одговорноста ја преземаа талибанците.
XS
SM
MD
LG