Достапни линкови

Сенатот на САД го ратификуваше новиот СТАРТ


Зградата на Конгресот на САД

Зградата на Конгресот на САД

Американскиот Сенат вечерва го ратификуваше нуклеарниот договор познат како нов Старт со Русија со 71 наспроти 26 гласови. Со договорот се предвидува двете земји да ги намалат нуклераните боеви глави.
Попрецизно со документот се предвидува максимум од 1550 боеви глави за секоја земја во наредниве седум години, односно намалување од 30 насто од нуклеарното оружје.
Договорот всушност е наследник на претходниот СТАРТ од 1991 година.
Договорот во април годинава во Прага го потпишаа Барак Обама и Дмитри Медведев.
XS
SM
MD
LG