Достапни линкови

Филе: Хрватска ќе стане членка на ЕУ до 2013


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави во Брисел дека Хрватска може да стане член на ЕУ до првата половина на 2013 година. Хрватска денеска затвори уште три поглавја од преговорите. Се очекува техничкиот дел околу поглавјата да биде готов од јуни 2011 година. Филе додаде дека е потребно Хрватска да вложи повеќе напори во спроведувањето на реформите во судството, борбата против корупција како и да ја зајакне соработката со Хашкиот Трибунал.
XS
SM
MD
LG