Достапни линкови

МВР приведе 29 осомничени за трговија со дрога


Македонската полиција денеска привела 29 лица осомничени за нелегална трговија со дрога и перење пари.Полициската акција е спроведена во Скопје, Велес, Свети Николе и Гевгелија и во неа учествувале 350 полицајци. Потпаролот на Министратвото за внатрешни работи Иво Котевски изјави дека се верува оти дел од приведените се организатори на таканаречената Франкфуртска мафија, кои дрогата ја внесувале во Австрија и Германија каде што ја препродавале. Паралелно на македонската акција, денеска била спроведена и полициска акција во Австрија.
XS
SM
MD
LG