Достапни линкови

logo-print

Русија го осуди чекорот на Британија


Русија го осуди протерувањето на руски дипломат од Британија поради обвинувања за шпионажа.Рускиот министер за надворешни работои Сергеј Лавров изјави дека протерувањето е неосновано и непријателско. Тој додаде дека Русија била принудена да возврати на ист начин односно да протера еден британски дипломат од амбасадата во Москва. Британско-руските односи се влошени откако во 2006-тата година поранешниот руски агент во федералната безбедносна служба Александар Литвиненко беше отруен во Лондон а Русија одби да го екстрадира осомничениот за случајот.
XS
SM
MD
LG