Достапни линкови

Улична лустрација


Комисијата за лустрација
Комисијата за лустрација

Кому му одговара уличната лустрација? Се користи ли таа за лична или партиска промоција? Експертите велат дека целиот процес и штети на државата.

Демократската Унија за интеграција соодветно ќе реагира на обвинувањата на Ваљон Беља дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил кодош. Од оваа партија апелираат до надлежните институции итно да го казнат ваквото однесување, кое според партијата е надвор од законите во државата.
Институциите веднаш треба да реагираат. И тој самиот кажа дека врши улична лустрација, а тоа значи дека тој ги суспендира институциите на самата држава

,,Институциите веднаш треба да реагираат. И тој самиот кажа дека врши улична лустрација, а тоа значи дека тој ги суспендира институциите на самата држава."

изјави Тахир Хани од ДУИ.
Претседателот на Албанскиот Сојуз, Беља најави дека тоа што неговата партија го прави е лустрација, но надвор од институциите, во кои како што рече немаат доверба.

,,Самиот факт што во Комисијата за лустрација се надгласува аргументот и доказот, ни дава можност, сериозно да размислиме дали да ги доставиме или не."

Документите кои тврдат дека се оригинали, немало да ги достават до комисијата за лустрација, која пак е единствениот орган надлежен за верификација на фактите.
Се разбира во методологијата која што досега ја покажаа на политичката сцена ова најмногу му одговара на ВМРО ДПМНЕ бидејќи цело време оди на една радикална поделба на населението


,,Тоа мора така да биде. Затоа што ако дојдат кај нас, ако не се оргинал и ако се утврди дека не се оргинал, ќе е одговараат, а вака сега пред вас, пред новинарите си правата реклама."

изјави претседателот на комисијата за лустрација, Томе Аџиев.
Но, кому му одговара ваквиот развој на настаните? Дали во сево ова има само политика и дали е сево ова обид за промоција на новите политички чинители во општеството? Дел од политичките аналитичари велат дека целиот овој процес е на штета на државата.

,,Една забава која што не е забава, туку е една голема штета што му се причинува на целото општествено ткиво. Се разбира во методологијата која што досега ја покажаа на политичката сцена ова најмногу му одговара на ВМРО ДПМНЕ бидејќи цело време оди на една радикална поделба на населението."

изјави политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил.
Тој се сомнева дека некој за ова ќе понесе одговорност. Во прашање се вели геополитички интереси. Според Исмаил, лустрацијата е само обид на поранешна федерална единка да ја расчисти својата историја, што пак предизвикува раздор во македонското демократско општество.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG