Достапни линкови

Мекнамара: САД и Европа мора да ја притиснат Грција


,,Проблемот со спорот за името е тоа што Атина не го почитува своето претходно ветување да не ја блокира земјата во нејзините обиди да се приклучи кон НАТО.,, Ова, како што пренесува агенцијата МИА, во интервју за МТВ го изјави Сали Мекнамара, висок политички аналитичар во американската фондација „Херитиџ,,. Мекнамара и со оценка дека американците и европејците не притискаат доволно врз Грција за да го реши овој проблем. Бесконечното одложување на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ, како што додава, може да предизвика негативни последици.
XS
SM
MD
LG