Достапни линкови

Атина бара отворена расправа за Турција во ЕУ


Атина побара отворена дебата во Европската унија за членството на Турција, соопштуваат грчките медиуми, цитирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи Димитрис Друцас за време на дебатата во грчкиот парламент за буџетот на земјата за 2011 година. ,,Со Турција ние не зборуваме за да дадеме, како што некои тврдат, туку напротив, за да побараме и за да добиеме гаранции за нашите права, предвидени со меѓународното право,, рече шефот на грчката дипломатија и додаде дека таквата отворена дебата може да се оддржи во Европската унија по изборите во во Турција во јуни идната година.
XS
SM
MD
LG