Достапни линкови

Лукшиќ: приоритет, преговорите на Црна Гора со ЕУ


Игор Лукшиќ

Игор Лукшиќ

Игор Лукшиќ кој е одреден за нов премиер на Црна Гора, по вчерашната оставка на Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека негов врвен приоритет ќе биде обезбедувањето почеток на преговорите со Европската унија. Притоа, тој изрази надеж дека тоа може да биде постигнато до крајот на идната година. Европската унија пред една недела и даде на Црна Гора кандидатски статус. Лукшиќ очекува во идниот вторник парламентот да гласа за неговата влада.
XS
SM
MD
LG