Достапни линкови

Продолжува посетата на Трајко Вељаноски на Израел


Трајко Вељаноски

Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, кој престојува во посета на Израел, денеска ќе се сретне со својот колега, претседателот на Кнесетот Реувен Ривлин. Потоа Вељаноски и членовите на македонската парламентарна група за соработка со Парламентот на Израел ќе имаат разговори и со членовите на Асоцијацијата за парламентарно пријателство на Кнесетот. За време на посетата на Ерусалим, првиот парламентарец ќе биде примен и од израелскиот претседател Шимон Перес. Интензивирање на економските односи е она на што треба во иднина да работат Македонија и Израел, кои имаат одлични политички односи, било констатирано на вчерашната средба на Трајко Вељаноски со израелскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Авигдор Либерман.
XS
SM
MD
LG