Достапни линкови

logo-print

Тачи бара независна истрага за обвинувањата на Дик Марти


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека сака независна истрага за да се „растера маглата“ по обвинувањата дека предводел убиства на луѓе и продажба на органи од киднапирани цивили. Тој изјави за американски медиуми оти нема што да крие и додаде дека косовските власти ќе бидат кооперативни во истрагата по обвинувањата од Дик Марти, известувач на Советот на Европа дека ОВК убивала голем број Срби, како и Албанци на Косово и ги продавала нивните органи. Сето тоа е магла и јас ќе работам на тоа да ја растерам, изјави Тачи. Според него, обвинувањата се насочени кон „поткопување на косовската декларација за независност од 2008 година“
XS
SM
MD
LG