Достапни линкови

Санадер ќе биде испитуван во притворот во Австрија


Иво Санадер

Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој се наоѓа во притвор во Австрија, денеска преку конференциска видео врска ќе биде испитуван од членовите на истражната комисија на покраинскиот парламент на Корушка, која се занимава со случајот Хипо Банка, односно нејзините врски со „црниот фонд“ на Хрватската демократска заедница. Во меѓувреме, австриското државно обвинителство потврди дека против Санадер и еден негов роднина е покрената кривична постапка поради сомневања за перење пари. Хрватските медиуми јавуваат дека за ова дело Санадер ќе биде испитуван утре.
XS
SM
MD
LG