Достапни линкови

Прв случај на свински грип годинава на Косово


Националниот институт за јавно здравје во Приштина го потврди првиот годинашен случај на новиот (свински) грип предизвикан од вирусот А Х1Н1 на Косово. Во соопштението се наведува дека 37-годишниот заболен е примен со симптоми на новиот грип во болницата во Приштина, а со анализи е потврдено првобитното сомневање во таа болест. Министерството за здравство ги повика граѓаните на Косово да не се вознемируваат и да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од грипот, како и да го пријават секој сомнителен случај на здравствените институции.
XS
SM
MD
LG