Достапни линкови

Шпанскиот парламент го прифати буџетот за идната година


Хозе Луис Запатеро

Хозе Луис Запатеро

Шпанскиот парламент синоќа со тесно мнозинство го прифати државниот буџет за 2011 година, со што опстана владата на Хозе Луис Запатеро, која смета дека Шпанија може да ја избегне длабоката криза во која се наоѓа Грција. Буџетот за идната година предвидува 8 насто помали расходи од годинава, а расходите на министерствата се спуштени на нивото од 2006 година. Запатеро предводи малцинска влада, која гласањето го преживеа благодарејќи на малите регионални партии кои за своите региони издејствувале економска корист во замена за поддршката. Шпанија речиси две години се бори со рецесијата, предизвикана од колапсот на пазарот на недвижности.
XS
SM
MD
LG