Достапни линкови

Проширени американските санкции против Иран


САД воведоа нови санкции против Иран во обид да се казни Исламската Република поради нејзината нуклеарна програма и поддршката на либанската милитантна група Хезболах. Министерството за финансии соопшти дека на американската финансиска црна листа се додадени уште 5 ирански компании. Санкциите им го затвораат на овие фирми американскиот финансиски систем и го замрзнуваат целиот нивен имот кој е под американска надлежност.
XS
SM
MD
LG